Во рамките на драмската понуда на фестивалот „Охридско  лето“вечер во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 21 часот ќе  биде изведена театарската претстава „Во агонија“ од Мирослав Крлежа, а во режија на Нела Кочиш, Озрен Грабариќ и Дарко Стазиќ. Станува збор за проект на ПУК – Патувачки театар и Младинскиот центар „Рибњак“ – Сцена „Рибњак“.

Славната драма на Крлежа, дел од трилогијата за Глембаеви, е поставена како жесток судир на тројца луѓе. Во фокусот на безвременската приказна за љубовниот триаголник и подемите и падовите во општеството, се наоѓаат сензитивната и разочарана Лаура Ленбахова, која храбро ја поднесува имотната и општествената деградација работејќи во својот кројачки салон и служејќи ги муштериите, нејзиниот интимен пријател, адвокатот д -р Иван племенитиот Крижовец, кој успеал да се снајде во новонастанатите општествени ситуации и мажот на Лаура, пијаница и коцкар, бивши коњанички потполковник и бивши затвореник баронот Ленбах.

Освен Кошиш во улогата на Лаура Ленбахова, во претствата играат и Озрен                Грабариќ како Иван племенитиот Крижовец и Дарко Стазиќ кој ја има улогата на баронот Ленбах. Сценографија е Петра Крилетиќ, а костимографијата ја изработи Марита Ќопо.