Oва дефинитивно е најкул електричната даска за сурфање во светот. Ова е гаџетот кој не сте ни знаеле дека ви треба се додека не го погледнете видеото, особено доколку допрва се подготвувате да одите на одмор. Електричната даска ефоил, им овозможува на сите сурфери, било да се аматери или професионалци, да се движат по површината на водата со брзина до 40 км/ч без потреба од бранови или влечење.

Електричната даска има најнова литиум-јонска батерија, хидродинамика, торпедо… Со помош на батеријата со висока густина се напојува тивкиот електричен мотор дизајниран како хидродинамично торпедо, а сето тоа се контролира со помош на безжичен Bluetooth контролер. Бидејќи е електрична, се елиминира бучавата и одржувањето е многу поедноставно отколку кај моторите на безнин.

Извор https://inovativnost.mk