Спасе Богоевски е 15-годишно момче, кое минатата година ги изгубило двајцата родители, но за жал мора да мисли за наследените долгови, иако е малолетен.

Тренира фудбал во ФК Македонија Ѓорче Петров” и клубските играчи му се најголемата потпора. После смртта на родителите живеел извесно време кај роднини, но деновиве треба да се всели во СОС Детското село, бидејќи никој не прифаќа да му биде старател овие три години до полнолетството.

Но, ова момче воспитувано во семејна средина се плаши од престојот во СОС Детското село и како ќе се  навикне , иако со сите негови доблести сигурно ќе се избори овие три години да дорасне во полнолетен позитивен млад човек.

И додека Спасе Богоевски, како тинејџер се соочува со голем губиток, тој има и преголем товар ,т.е. наследените долгови од неговите родители за комуналии и кредит.

Се обидовме денеска да дознаеме дали законски, малолетните деца ги наследуваат долговите од починатите родители, но немавме среќа, што не значи дека нема да се обидуваме и понатаму. Секако дека најодговорните од Министерсвото за социјала ќе треба да ги преземат сите потребвни обврски и ова малоленто дете да го ослободат од долговите, кое како малолетен нема од каде да ги плаќа.

Секако помошта од добри луѓе пристигнува а на Спасе му останува со спортот, другарите и новите пријатели од СОС Детското село и тоа како да се бори во животот.

Помошта е добредојдена и ако некој сака да му помогне нека го контактира на неговиот телефон 075 722 246 или на ФБ профилот.