Вечерва, Програмата на годинешново Охридско лето е резервирана за шпанските музички уметници Антонио Серано на усна хармоника и Констанца Лехнер на клавир.

На нивната вечерашна програма се  дела од Франциско Тарега (1852-1909): Сеќавања на Алхамбра, Мануел де Фаља (1876-1946): Шпански танц бр. 1 од операта „Краткиот живот“ и Ритуален огнен танц од балетот „Волшебната љубов“, Енрике Гранадос (1867-1916): Шпански танц бр. 5 „Андалуза“, Пабло де Сарасате (1844-1908): Шпански танци оп. 23, Playera и Zapateado, Карлос Густавино (1912-2000): „Encantamiento“ , „En los Surcos del Amor“и „Se Equivocó la Paloma“ и Астор Пјацола (1921-1992): „Adios Nonino“, „Fracanapa“, „Oblivión” и „Libertango“.

Антонио Серано е шпански виртуоз на усна хармоника, кој своето образование го стекнува под менторство на прочуениот Лари Адлер.

Пијанистката Констанца Лехнер првиот контакт со клавирот го имала на двегодишна возраст. Студиите ги завршила на конзерваториумот „Сан Лоренцо дел Ескориал“, а паралелно студирала и чембало, стара музика, модерен клавир и џез на „Школата за креативна музика“ во Мадрид.Покрај музичките сцени во родната земја, Лехнер досега има настапувано и во Франција, Грција, Јордан, Швајцарија, САД, Канада, Турција, Кипар, Бахреин, Оман и Германија.