МОДА ОД ДРУГ АГОЛ
Пишува-дизајнер Елена Максимовска

Како да направите една маица ?
Потребни Ви се: 1 маица = 3 чаши остатоци од кафе + 5 пластични шишиња

Тајванската фирма Сингтекс е компанија која се занимава со производство на секакви видови текстилни матријали. Најнапредната технологија им е е за производство на материјали од рециклирање на пластични шишиња и остатоци од кафе.

Идејата за производство на вакви матријали се појавила во 2005 година кога директорот на компанијата Сингтекс и неговата жена пиеле кафе во кафетерија и неколку жени влегле во кафетеријата да ги побараат остатоците од кафето. Во тој момент на жената и поминала една мисла колку би било убаво да се произведе материјал кој би имал во себе кафе,кој првично ќе има улога да ја поништува миризбата на телото. После години истражување го создале првиот матријал кој е многу подобар од памукот затоа што се суши 200 пати побрзо, водоотпорен е, а микропорите во самиот матријал ја апсорбираат миризбата и ги одбиваат ултравиолетовите зрачења. Посебната линија S.Café ICE-CAFÉ™ има карактеристика да го лади телото за неколку степени.

Кафето го набавуваат во соработка со неколку компании од каде вработените секој ден кога одат на работа поминуваат и ги земаат остатоците од кафе. Во просек 500 килограми на кафе се употребува секој ден но, тоа е сепак многу мал дел од отприлика 30-те тони на остатоци од кафе кои се прават секој ден од шест милиони чаши кафе, кои се произведуваат само во Тајван.

Најмногу се употребува за производство на спортска облека и обувки но и за најразлични производи во домакинството. За производство на една маица се потребни три чаши остатоци од кафе и пет пластични шишиња.
Научниците пронајдоа уште еден производ а тоа е масло од кафе кое исто така е нуспроизвод од остатоците од кафе и наоѓа примена во неколку индустриски гранки.

После успехот кој го имал овој вид на матрејал директорот на Сингтекс се повеќе ја преорентирал својата фирма кон еколошко производство и иако S.Café е само мал дел, сепак грижата за околината е вклучена во сите делови од оваа напредна компанија. Тие произведуваат и материјал кој е изработен од кафе и делови од дрво кој е целосно разградлив. Самото производство на матријалот е низ целосно еколошки процес, со што ја заштитуваат и се грижат за опстанокот на планетата земја.

 

Неколку за жал страшни информации

-Милион пластични шишиња се купуваат секоја минута во светот од кои многу мал дел се рециклираат а сите останати завршуваат во природата. Ако ги наредиме едно врз друго сите шишиња кои се произведени изминатата година ќе стигнеме на пола пат до сонцето.
– Најголем дел од шишињата завршуваат во морињата и океаните и се претпоставува дека во 2050 година во водите на светско ниво ке има повеке пластика отколку риби според тежината.
– Во овој момент да се престане со производство и употреба на пластика, потребни се најмалку 450 години за да почне пластиката да се разградува а за некоја потребни се и 1000 години а има и таква кој никогаш нема сама да се разгради туку мора да се рециклира.

Затоа да бидеме промената. Рециклирајте!