Хербариум за забавен и едукативен фамилијарен викенд

Нашата земја изобилува со многу различни видови на растенија, цветни, листопадни, иглолисни, мали, големи, за секоја сезона различни. Овој викенд посветете го на своите деца со кои ќе поминете еден или два дена во природа и ќе почнете да изработувате хербариум. Не ви се потребни многу работи една тетратка, селотејп, молив или пенкало и ножици.

Изберете некое од нашите преубави излетнички места каде може да направите пикник и да се внесете во изнаоѓање на колку што можете различни растенија кои ќе ги залепите многу внимателно во својата тетратка и ќе го запишете датумот и името на растението кое ако не го знаете може да ги прашате локалните жители кои сигурно ќе ви кажат и некој дополнителна забавна информација.

 

На овој начин и возрасните и децата ќе се забавуваат, ќе научат нешто ново а најбитно ќе излезат во природа за телото да им се исполни со чист кислород кој е најбитен во развојот на секој организам.