sigaretta elettronica vs sigaretta

Вдишувањето пареа од електронските цигари може да ги оштети клетките кои се од клучно значење за нашиот имунолошки систем.Истражувачите дошле до сознанија и дека количеството на штетните хемикалии во електронските цигари се зголемува со секое наредно повлекување „димче“, односно се нејизното подолго користење. Тоа ги негира тврдењата на некои здравствени институции кои се уште сметаат дека електронските цигари се помалку штетни од обичните.

Претходните испитувања се фокусираат на хемискиот состав на течноста во електронските цигари пред тие да испарат. Најновото, пак, се фокусира токму на пареата. Британските истражувачи посочуваат дека пареата од електронските цигари го оневозможува нормалното функционирање на имунолошкиот систем, клетки кои се наоѓаат во белите дробови и предизвикуваат воспаленија. На удар се клетките одговорни за отстранување прашина, бактерии и алергени.

Откако се појавија во 2006 година, електронските цигари се предмет на дебата. Дали овие производи, од кои течниот никотин испарува, обезбедуваат поздрава алтернатива за откажување од пушењето? Или служат само како искушение за оние што во друг случај не би станале зависници од никотин?

Многумина имаат став дека електронските цигари, бидејќи содржат никотин, во голема мера може да им помогнат на пушачите во откажувањето, но не може да се каже дека се подобри од која било друга опција. Исто така, загрижувачко е што електронските цигари сè повеќе ги користат млади лица и тинејџери. Кога тинејџер ќе почне да користи еден вид никотин или тутун, тогаш цигарите за него изгледаат како не многу страшен ентитет, па сепак може да се заклучи дека врската помеѓу користењето на електронските цигари и евентуалното пушење стандардни цигари е силна. Постојат и некои докази дека оние што почнуваат да пушат електронски цигари го зголемуваат користењето на цигарите и пушат подолг временски период. Тоа е така веројатно поради мислењето дека штетноста кај овие цигари е помала, па затоа се зголемува и консумацијата. Затоа експертите сметаат дека можеби подобро решение за откажување од пушењето се никотинските лепенки и гумите за џвакање. Ако електронските цигари им помагаат на возрасните да се откажат, кај младите лица ги навлекуваат на пушење цигари. Сето тоа, според експертите, доведува до предизвикување здравствени проблеми на долгорочен план, а сепак не е утврдено точно за колкав негативен ефект станува збор.

Најдобриот начин да се откажете од цигарите е едноставно да престанете да пушите. Кога сакате да запалите цигара излезете на воздух и прошетајте се. Грицкајте нешто или џвакајте мастика.