Со театарската претстава „Илијада“ од Хомер, во режија на Јернеј Лоренци, а во копродукција на Словенечкиот народен театар – СНГ Драма Љубљана, Цанкариев дом и Градски театар од Словенија, вечерва  ќе биде спуштена завесата на 58-то издание на фестивалот „Охридско лето“.

Директорот  на Словенечкиот народен театар Игор Самобор, режисерот Јернеј Лоренци и дел од актерската екипа се задоволни и среќни бидејќи првпат ќе играат под отворено небо и во амбиент кој што одговара на самата претстава.

Претставата ќе се одигра на Античкиот театар со почеток во 21 часот, а со неа ќе биде спуштена завесата на годинешното успешно “Охридско лето” , кого според статистиките на Организаторот го посетија над 20.000 гледачи а понуди богата уметничка програма.