ОВЕН

Работа

Оваа недела деловните планови ќе ви одат од рака, а тоа ќе се одразува позитивно на вашата финансиска состојба. Време е и вам да ви тргне во оваа сфера, а тоа токму ќе се случува оваа недела.

Љубов

Имате многу поважни проблеми од емотивните, а партнерот нема баш разбирање за тоа. Во љубовта нема да ви оди баш оваа недела.

Здравје

Одлично !

 

 БИК 

Работа

Немојте да се разочарувате ако приходите нагло ви опаднат. Во тој правец ќе се движи таа сфера и оваа недела, но не очајувајте. Овој период ќе помине.

Љубов

Една личност не престанува да буди нешто посебно и единствено, а вие не сте подготвени да реагирате сеуште.

Здравје – Можни болки во грбот и кичмата.

 

БЛИЗНАЦИ                                                    

Работа

 

Љубов

Седмата област на партнерство е оптоварена со Сатурн долго време, што секогаш ги нарушува односите, особено ако тие се проблематични. Обидете се да ја задржите моменталната состојба, така што соништата за нешто подобро не ве доведат во полоша реалност.

Здравје

Неделава ви е наклонета. Имате добро здравје!

 

РАК 

Работа

Овој период не се грижите многу за своите обврски на работа, па може да имате проблеми со шефот. Ќе имате доволно време некои заостанати работи да ги доведете во ред.

Љубов

Имате шанса некоја исклучително интересна личност да запознаете на забава, која ја планирате. Ако не биде се како што планирате, не очајувајте.

Здравје

Задоволен човек е здрав човек. Оваа недела со солидно здравје.

 

ЛАВ

Работа

Деловните планови ви течат солидно а вие сте свесни за своите квалитети, кои можат да ви помогнат да дојдете до повисока позиција.

Љубов

Ако сте во врска ќе чуствувате дека партнерот крие нешто од вас и тоа ќе ве прави нервозни. Ако сте слободни потајно ќе посакувате средба со одредена личност, ама гордоста нема да ви дозволи да го покажете тоа.

Здравје

Зголемена нервоза.

 

ДЕВИЦА                                                          

Работа

Не се нервирајте затоа што немате лош однос кога негативните трендови се во полна пареа. Што и да се случува вие знаете дека сте доволно способни да се извлечете од секоја ситуација.

Љубов

Партнерот го мачат проблеми, а се тоа влијае на вас. Затоа одморот и разговорот се најдобро решение за двајцата.

Здравје – Чувствувате премореност.