Музичкиот фестивал за деца и млади ,  „Тра-ла-ла“ своето 19-то издание го  одржа во рамките на „Бит фест 2018″ и оваа година во повеќе категории на деца и млади учесници и  гости од цела Европа.

На последната фестивалска вечер на интернационалниот фестивал „Тра-ла-ла“, во салата на Центарот за култура, беа доделени наградите за најдобрите изведувачи.

Според стручното жири, првата награда отиде во рацете на Сара дел Олио од Италија, на која покрај пехарот ѝ беше доделена парична награда од 1000 евра.

Организаторот на фестивалот на учесниците им додели медали со гравиран мотив од Битола, а на изведувачите, менторите, стручното жири и останатите учесници им беа додели плакети.