Пишува Татјана Гогоска

Вo рубриката Ретро спектар на kulturno.mk  има неколку поткатегории во кои секој четврток потстетувам на важните моменти од минатото од областа на архитектурата, музиката, културата, разни важни настани, едноставно на животот.

Овој четврток во распоредот песната “Македонско девојче “,  создадена и испеана  во 1964 од нашиот безвременски Јонче Христовски. Ја пееја и Кирил Манчевски и Виолета Томовска, и многу наши пеачи. Таа песна  е дел од народниот идентитет на Македонците повеќе од половина век . Таа не е само песна, таа е историја, традиција и идентитет.

Повод за потсетување е и настапот на Шпанскиот оркестар “BARCELONA GIPSY BALKAN ORCHESTRA” кој во април направи промоција на својот најнов албум насловен како “Аvo Kanto” низ цела Германија.

За време на нивниот настап во Минхен, тие ја изведоа е токму најпознатата македонска народна песна “Maкедонско девојче”, a публиката се крена на нозе.

Oркестарот во кој членуваат: Робиндро Николиќ (Шпанија), Матиа Широса (Италија), Иван Ковачевиќ (Србија), Џулиен Чанал (Франција), Стелиос Тогиас (од Грција) и Сандра Санаџио (Шпанија), изведува традиционални песни од Источно европскиот регион, Јужна Америка и Средниот Исток.

 

Изворно:

https://youtu.be/lUwRxN59djU