Дилема на сите родители кои имаат деца на предшколска возраст: Кои задачи би требало детето да ги знае пред да седне на школска клупа.

На многу родители доцна им текнува дека треба да работат со децата и да направат проверка на нивното знаење пред да тргнат на учлишиште. Понекогаш тоа е доцна, но секако постои можност и да се надомести, со оглед на тоа дека е најбитно детето да ги совлада способностите, задачите и активностите пред да продолжи во друго одделение.
Ова се некои прашања кои ги мачат родителите.
– Дали треба да знае да чита и пишува?
– Дали треба да се форсира детето да учи материјал кој е за поголема возраст?
– Дали моето дете е доволно зрело?
– Како да знаеме дека детето е подготвено за да тргне на училиште?

Кога ќе отидете со детето на тестирање пред одење на училиште, сигурни се прашувате, што е она што детето треба да го знае?

Ова се неколку кратки одговори..

Детето не мора да знае да чита и пишува, но треба да знае да препознава буква со која започнува и завршува реченицата. Детето би требало да знае да состави збор од четири или пет гласови. Исто така многу е важно детето да биде графомоторички спремно за на училиште, поточно да знае да прецрта зададени ликови, да има правилен следење на цртањето линија и да има развиена свест за тоа што е лево а што десно, што е горе а што доле.

Исто така децата би требало да знаат одговори на некои општи прашања:
– Што би направиле кога паѓа дожд?
– Што се појавува на небото кога ќе  се стемни?

– Што правиме кога сме поспани?
– Како се вика денот пред четврток и после четврток во неделата?
– Треба да ги знае годишните времиња!
– Колку месеци има во годините ?

Активниот речник кој детето треба да го има пред одење на училиште е околу 2500-3000 збора. Опсегот на реченици просечно треба да изнесува од пет-шест зборови, да користи сложени реченици и мемориски кратки песни. Детето треба да може врз основа на слика да раскаже едно логична и едноставна приказна.

Совет од babyshop.mk Проверете барем дел од работите кои ги споменавме погоре, консултирајте се со педагог и бидете сигурни дека вашето дете е подготвено за нови предизвици.