Богата музичко-сценска програма на „Кривопаланечко културно лето 2018“, во перидот од четири-пет дена ќе се одржат неколку концерти и фестивали. Програмата започнува со 14-тиот Интернационален фолкорен фестивал Јоаким Осоговски кој ќе трае од 24 до 26 август, а ќе гостуваат фолклорни ансамбли и друштва од Македонија, Србија, Бугарија, Кирап, Турција, а на 25 кога е втора фестивалска вечер на фолклорот, ќе се одржи и рок-фестивалот „Џојфест“ со настап на групата „Рибја чорба“, а како предгрупи ќе настапат нашите локални РГБ-бенд и „Студени нозе“. На 27-ми август во чест на денот на рударите ќе гостува Јелена Томашевиќ,  а пред-бенд на овој концерт ќе настапат „Тајфата“ и Димитар.

На 28 август следат активности за одбележување на денот на рударите, Голема Богородица и патронот на градот – св.Јоаким Оосоговски. Почнуваат со литургијата во храмот Св.Димитриј, продолжуваат со црковната литија низ улицата се до општината, литија посветена на Св.Јоаким Осоговски, која ќе започне во девет часот, додека во 10 часот официјално ќе бидат пуштени во употреба реконструираните општински сали, дел од проектот „Проекција на туризмот во 3Д“. Потоа следува централната прослава посветена на рударите од „Тораница“ ,заедно со рудари од Пробиштип, рудник „Саса“ која ќе се одржи на градскиот стадион. Одбележувањето на верските празници Голема Богородица и Св.Јоаким Осоговски продолжува во верските објекти, во локациите кои се од особено значење за развојот на културата во Крива Паланка, манастирскиот комплекс Св.Јоаким Осоговски.