Денес по долго боледување почина доајенот на македонскиот балет, на 75 годишна возраст. Покрај што е доајен и основач на македонскиот балет, Хусеин беше еден од најомилените и најпочитувани уметници, пред се заради неговиот талент и професионалност кон сите, а тоа го потврдуваат сите оние кои барем еднаш соработувале со него.

Хусеин е роден на 6 март 1943. Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера. Истата година  ја доби наградата Менада на „Танц фест Скопје“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Хусеин ќе биде погребан денеска, а поради колетивниот годишен одмор, комеморацијата за  Екрем Хусеин, балетскиот уметник кој го означи деценискиот развој на балетот како уметност во Македонија,  ќе се одржи следната недела.