Од 30 август до 1 септември во Прилеп ќе се одржи седмиот по ред меѓународен „Џез фестивал“. Фестивалот ќе се одржи на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Годинава ќе има интересна програма, која е комбинација на џез од земјите од Медитеранот (Италија, Франција и Грција,) пресликани преку перфомансите на „Kekko Fornareli Trio“, „Le BalPourriи Palette Ensemble“, како и врвен балкански џез од „Vasil Hadzimanov BEND“, мултикултурен перформанс на „Yordan Kostov“ на кој ќе се претстават артисти од различни континенти.

Фестивалот нуди и квалитетна џез презентација на македонските бендови кои одлично котираат и се презентираат на европската и светската сцена, како што се: бендот на Владимир Четкар и бендот од Скопје „FIERCE“. Финалето оваа година е резервирано за „Деца лоших музичара“, бенд од Србија, кој во изминатите триесетина години на љубителите на џезот им има приредено многу незаборавни моменти.

Фестивалот ја задржува традицијата со понуда на „OFF програма“, која вљубениците во џез-музиката ќе може да ја проследат на 28 август во кафе „Сидро“, потоа на 29 август во Џез клубот „Take Five“, како и на 2 септември во културниот простор „The Residence“ во селото Плетвар.