Во зоолошката градина во Скопје постојано нешто се случува. Децата освен што уживаат во друштво на животните, имаат можност да учествуваат и во работлницитекои ги организира креативниот тим на градината. Следно изненадување за сите посетители е прекрасната престава за деца “Принцот Жаба” во изведба на актерите од Театар Крик. Претставата ќе биде изведена на 02.септември во 12.00 часот, а влезот за преставата е бесплатен, односно се плаќа само влез во Зоолошка градина.

Инаку зоолошката градина е основана во 1926 година ,а во својата колекција располага со 495 животни од 96 видови (цицаци, птици и влекачи).