Филмот е турска продукција(2017), работен на приказна од 1950 – та година, среде разурнувањата на Корејската војна. Наредникот Сулејман се сопнува на полуживо мало девојче, без родители и никаква помош. Измрзната,изгладнета и пред се исплашена, едноставно на работ на смртта, ова девојче го допира срцето на Сулејман, кој го ризикува сопствениот живот да ја спаси. Тој за да го направи тоа ја шверцува отпочеток во својата воена  база. Не знаејќи го нејзиното име и не можејќи да комуницира со неа, Сулејман ја именува мала како Ајла, во сеќавање на месечината од судбоносната ноќ, во текот на која тие се сретнаа.

Двајцата формираат емотивна и цврста врска, а Ајла, без никаков напор, им носи чудна радост на турската бригада во војната. Како што војната завршува, на бригадата на Сулејман им  е кажано дека ќе се вратат дома. Сулејман не може да ја напушти Ајла и прави сé што е во негова моќ за да ја однесе со него. По повторениот неуспех, тој е принуден да ја остави Ајла во дом за деца без родители, но не се откажува од надежта за еден ден повторно ќе дојде и ќе ја земе.

Дали  ќе се спојат повторно?

 

Режија – Can Ulkay, Сценарио- Yigit Güralp

Улогите ги толкуваат : Çetin TekindorIsmail HaciogluKyung-jin Lee