Денеска нашите рударите го имаат својот ден -Денот на рударите. Во Македонија овој празник се одбележува во спомен на Штрајкот на рударите од Рудникот Лојане,Кумановско во 1929  година за подобрување на работните услови и зголемување на личните доходи. На овој ден во сите македонски рудници се организираат прослави и свечености. Заштитничка на рударите е Пресвета Богородица.

Денешниот празник Успение на пресвета Богородица се чествува како патрон на градовите Пробиштип и Македонска Каменица и е заштитник на рударите. По тој повод деновиве во овие градови се организираат повеќе културни и спортски активности.

Честит Ден на сите рудари во Република Македонија! Среќно!