Оваа недела еден интересен текст за Ѕвезденото небо  и астро позициите во неделата, кога завршува месец август и неговите астро прогнози остануваат зад нас, а пред нас е месецот септември, кои според астролошката карта ќе биде и тоа како интересен. Се разбира за сите знаци зависно кое од животните полиња треба или мора да се активира.

Откако во неделата навечер ја поминавме полната месечина во РИБИ, од вчера 27-ми август, енергичниот Марс конечно  го прекина своето ретроградно движење и  почна директно да се движи во Јарец. Таа позиција ќе ги определи случувањата оваа недела.

За ВАГИТЕ- Прмената најмногу ќе ја почуствувате во емотивното животно поле. Женска личност која е многу важна за вас,  ќе стане извор на најголемата среќа. Можно е таа да сподели прекрасна вест со вас или пак да ви навести дека за вас доаѓаат прекрасни денови. Во изминатиов период ако научивте да не се споредувате со другите ,ќе бидете задоволни од сето она што го имате.

За ШКОРПИИТЕ- Убавината на животот конено е околу вас! Затоа ви с епружаат можности да ги пробате убавините на сите делови на животот. Живејте како вие сакате и секој миг од денот користете го да го направите интересен за вас. Само така ќе се чуствувате свои.

За СТРЕЛЦИТЕ- Ако почуствувате дека луѓето се менуваат кон вас, тоа е добар знак дека изминатиов период ве натера да се промените самите а со тоа да направите другите така да се однесуваат кон вас. Секојдневието ќе ви стане полесно и поубаво а вие ќе барате позитивното во секого. Овој период посветете го на љубовта.

За ЈАРЦИТЕ- Марсот во вашиот знак конечно со директно движење. Ако чуствувате дека можете светот да го промените од енергијата на Марсот, сепак имајте на ум дека  можете само себеси да се смените. Време е за акција посебно на поле на љубов за оние што се сингл. Отворете го умот и срцето за нови предизвици.

За ВОДОЛИИТЕ- Не негувајте навики кои ги критикувате кај другите. Во овој период треба да бидете промената што сакате да ја видите во светот и учете ги луѓето преку сопствен пример.  Можеби ќе сакате да ја избришете границата меѓу љубовта и пријателството со некоја личност, но бидете претпазливи.

За РИБИТЕ – Среќата  ќе биде насекаде околу вас. Тоа ќе ви мами насмевка на лицето и без да бидете свесни за тоа. Ќе уживате секој миг, во се што правите. Бидете поотвроени кон партнерот и другите блиски околу себе.

Додека четирите големи, спори планети меѓу кои и најголемиот учител Сатурнот (Уран, Плутон и Нептун ) сеуште се движат ретроградно, искористете ги можностите што ги дава промената на движењето на енергичниот Марс!