Денеска 28.08.2018 (вторник), во Домот на Армијата на Република Македонија, од 09:00 до 17:00 часот ќе се одржи традиционалната, по шеснаесетти пат, крводарителска акција на Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.