Mјузиклот “Коштана”  од Борисав Станковиќ, во  музичка адаптација на Влатко Плевнеш, ќе се игра на сцената на домот на културата “Антон Панов” во Струмица в сабота, на 1 септември. Во улогата на Коштана е Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке го игра актерот Илија Струмениковски. Во оваа мјузикл адаптација на Кштана играат уште и бројни актери и музичари.

 

 

Струмичани ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо”, „Отвори ми бело Ленче”, „Крај Вардара седеше”… Издаден е и албум со песни од театарската претстава „Коштана” е во издание на „Сил-вла” продукција и веќе се наоѓа во продажба.

Мјузиклот се игра десеттина години, а оваа сезона ја почна летово, со претстава во Долни Сарај, Охрид.