Берлин можеби повторно ќе го добие својот озлогласен ѕид – барем на четири недели, но сега како уметничко дело. Се предвидува зданието до средината на октомври да биде подигнато околу блок згради во центарот на градот. Новиот ѕид според планот на уметниците ќе биде разурнат на 9 ноември, точно 29 години по падот на вистинскиот Берлински ѕид, којшто значеше поделба за градот од 1961 до 1989 години.

Сите кои ќе сакаат да ја видат уметничката реплика на ѕидот ќе треба да набават „виза“ преку интернет, што чини 15 евра. Како што е планирано, кога ќе се влезе во зоната на ѕидот, посетителите ќе мора своите мобилни да ги заменат со други кои содржат инструкции за обиколката, документарци, изложби и концерти.

 

Дали ќе се оствари оваа замисла на уметниците, сепак зависи од градските власти кои сеуште не издале дозвола за негова уметничка реализација.