Со повеќе од 370 сликовници, книги за деца, боенки, дидактички помагала, едукативни и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“ на македонски и на албански јазик, е опремен Дневниот центар „Собата на Жозеф“ за психо-социјална поддршка на децата заболени од малигни болести на Универзитетската клиника за детски болести.Со оваа библиотека децата ќе добијат свое библиотечно катче во рамките на Дневниот центар, каде што ќе читаат, пишуваат, бојат. Ќе имаат разни активности и игри со едукативните и дидактичките материјали. Овие изданијата се донација од издавачката куќа „Арс Ламина – публикации“