Федерик Шопен
Еве зошто срцето на Шопен стои во тегла повеќе од 150 години!
За многу историски личности тешко е да се каже од што починале. Во случајот на пример, на Шопен, биле потребни повеќе од 150 години за да се разбере причината за неговата смрт. Денес е јасно дека големиот композитор починал од перикардитис – воспаление на срцевата торбичка. Но, вистинска причина зошто неговото срце било внимателно отстрането по неговата смрт во 1849 година и зачувано, била неговата претходна желба и тоа поради стравот да не биде закопан жив. Се проценува дека последните зборови на Шопен биле: „Заколни се дека ќе ме пресечете, за да сум сигурен дека нема да ме закопаат жив“. Познатиот полски композитор страдал од тафофобија – страв дека ќе биде закопан жив. И со право. Во тоа време немало технологии кои точно можеле да одредат дали некое лице е навистина мртво. Шопен не е единствената позната личност што страдала од тафофобија.
Џорџ Вашингтон
И Џорџ Вашингтон многу се плашел да не биде жив закопан што побарал откако ќе умре да биде оставен три дена на отворено, за да се уверат луѓето дека навистина е мртов. Ханс Кристијан Андерсен и Алфред Нобел ја имале истата фобија и посакале откако ќе умрат, вените да им  да бидат пресечени за да бидат сигурни дека нема да се разбудат под земја.
Ханс Кристијан Андерсен
„Стравот да се биде жив закопан датира од библиски времиња”, вели Кенет В. Исерин, професор по итна медицина на Универзитетот во Тусон, Аризона, цитиран од „History“. Научникот објаснува дека уште кога Исус го воскреснал Лазар, се појавува практиката мртвите да бидат замотани во нешто и положени во пештери. Неколку дена подоцна, некој одел да проверува мртовецот да не бил случајно жив. Стравот од „жив закопан“ не е неоснован. Поради неразвиената медицина во минатото и непознавањето на болестите, многу луѓе се погребувани живи. На пример, во XIX царувал вид треска, која го успорувала човечкиот пулс и правела тој тешко да може да се регистрира без дополнителни медицински средства кои во тоа време не постоеле. Затоа многу луѓе биле закопани живи. Стравот го достигнува својот врв за време на викторијанската ера кога различни претприемачи почнуваат да ги рекламираат своите „заштитни ковчези“. Некои од нив претставувале гробници над земјата, други имале прикачено ѕвонче над површината што погребаниот можел да го активира ако сé уште е жив, а трети имале цевка за набљудување на телото во ковчегот. Купување на слични ковчези ги смирувало луѓето во тоа време, но професор Исерин забележува дека не се познати потврдени приказни дека оваа опрема спасило некого. Тафофобија престанува да биде масовен феномен во дваесеттиот век со доаѓање на нови погребни практики.