Тим Ган “Модна Библија “

 

„Модната библија на Тим Ган„,

Новата книга на авторот Тим Ган претставува своевидна фасцинантна историја на вечните парчиња за сите, советник за она што го имате во својот плакар

Тој во воведот на истата пишува дека Америка ги присвоија  фармерките од Италијанците а во светот на модата  фармерките се споредуваат со зборовите на начин : „ Кога имате ограничена гардероба, тоа е како да имате ограничен број на зборови во својот вокабулар и тогаш на помош ги земате фармерките  “.

Во книгата става акцент на западната мода.  Како што објансува самиот: „Земав парче по парче облека која повеќето Американци ја имаат во плакарите и се запрашав дали знам од каде потекнува. Истражувајќи сватив дека секое парче крие фасцинантна историја“, пишува Ган. Продолжува дека од секогаш знаел дека модата зависи од контекстот: општествен, културен, историски, економски и политички. „Но дури и јас бев шокиран со фактот дека масовното модно придвижување се случило во текот на Француската револуција. Раскошните фустани во текот на владеењето на Луј XIV, XV и XVI станале неверојатно големи, а периките и капите толку високи што требало да им се прилагодува архитектурата, ентериерот и мебелот. Потоа, во еден момен тие драматични силуети одеднаш исчезнале заедно со кралскиот двор. На нивно место дојшле толку обични фустани што личеа на наједноставни ноќници, без украси. Тоа докажува дека модата и историјата се нераскинливо врзани – пишува Ган кој пишува и за долната облека. „Жените од секогаш сакале да остават впечаток на идеална фигура со помош на гардеробата. Тоа се случуваше и многу пред Американската граѓанска војна. Во потрага по убави линии на струкот и облини на вистинско место, нашите предци создадоа најразлични изуми за мажи и за жени, вклучувајќи и корсети од челик. Желбата да се изгледа на одреден начин и натаму доминира во општеството.

Ревија на женска колекција

За среќа, денес постојат поудобни варијанти. Растегливиот долен веш кое ги истакнуа линиите на струкот и попријатно отколку во минатото. Тоа е одличен пример на еволуција на текстилот кој овоможува на луѓето да изгледаат подобро во облеката, без врзување или челик –објаснува Ган. Фармерките веќе со децении се во мода и Ган вели дека се надева дека никогаш нема да излезат од мода. Фармерките се класично американско парче облека. Но тексасот всушност настана во Италија и се пресели во Франција – зборот тексас (англиски деним) доаѓа од изразот „serge de Nîmes”. Тоа во превод значи ткаенина од Нимес, град во Франција. Затоа Америка всушност го присвои тексасот. Го сметаат за скромна облека за работниците сé до Втората светска војна, кога го популаризираше модната дизајнерка Клер Мек Кардел. Тогаш Американците престанаа да ги копираат Европјаните бидејќи многу фабрики за облека беа затворени. Клер Мек Кардел ги стави фармерките под светло на рефлекторите, но умре многу млада. Филмови од педесеттите години со Џемс Дин и Марлон Брандо го урнаа лимитот за фармерките и митот дека се само за работниците. А благодарение на дизајнерите, како Келвин Клајн, фармерките се вратија во мода.

Тим Ган во проектот Lifetime’s ‘Project Runway’

Овој дизајнер многумина негови познавачи го нарекуваат љубезниот  чичко Ган. Тој е шармантен и најомилен за нив. Со Проектот  Runway ги доби симпатиите на многу млади дизајнери за кои ова модно шоу стана престижно.

Во неговата најнова книга “Модна библија“ тој наоѓа многу начини како фармерките да ги врати како престижно парче во светот на модата.

Враќање на фармериките