Стивен Кинг создаде нов псиихопат кој убива поради книжевен лик „Кој ќе најде, негово е“ .Тоа е всушност продолжение на претходниот роман „Мерцедес“, во кој дури во вториот дел станува јасно дека авторот едноставно не завршил со јунаците кои ги создаде во „Мерцедес“, како и тоa како и тоа дека нивните авантури не завршуваат со овој роман. Кралот на трилерите Стивен Кинг во сите свои досегашни хит-романи покажа дека сака да се „игра“ со очекувањата на своите читатели. Токму таква врвна игра е романот „Кој ќе најде, негово е“. Низ возбудлива криминалистичка приказна тој всушност се занимава со прашањата: Што е врвно книжевно дело? Може ли поради него да се убие? Или да се биде убиен? Повод за сурово убиство во овој роман не е кражба на пари туку главниот негативец на приказната во оружен грабеж влегува за да дојде до ракописот на писателот кој се прославил со три свои романа, по што засекогаш замолчил.

Поради тоа во овој роман се среќаваме со убиец и монструм од нов вид кој е суров психопат кој убива за да дознае што понатаму се случило со неговиот омилен книжевен лик. Поради тоа Кинг му ја пишува и најсоодветната казна: се што направил не го доведува до наградата. По години поминати во затвор, по нова серија на убиства, никогаш нема да успее да ги прочита посакуваните страници, но и никогаш нема да разбере дека од погрешна причина го утепал и човекот кој ги има напишано. Низ страниците се наѕира дека Кинг имал свои луди и опасни обожаватели, но секоја од страниците го слави фактот дека тоа обожување го преживеал.

Интересен трилер за неделен одмор !