Холандија – земјата каде сонцето заоѓа меѓу облаците

„Земја на лалињата“, „Земја на ветерниците“, „Земја која е пониска од нивото на морето“( таа е една од најнископоставените земји во светот. Околу поливина од нејзината територија се наоѓа под еден метар надморска висина), „Земја на рамниците“ … или како и да сакате можете да почнете да зборувате за чудесната земја Холандија. Ние во оваа репортажа ја насловивме како „Земјата каде сонцето заоѓа меѓу облаците“

Најубаво е да го започнете да ја истражувате на вашето патување, со еден од возовите кои сообраќаат низ недогледните рамнини на оваа земја. Можете да седнете со одредиште за било која дестинација, возбудувањето секогаш ќе биде единствено.

Воз низ ветерница

Историја и Географија

Европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden) е парламентарна демократија со Уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. На север и запад се граничи со Северно Море на југ со Белгија а на исток со Германија. Холандија е  поделена на 12 провинции а во денешните граници се наоѓа од 1839 година. 

Таа  е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња,велосипеди и толеранција.

Карта на Холандија

Холандија е кралство кое се наоѓа во Западна Европа. Вкупната површина на земјата изнесува 41.526², и според тоа се наоѓа на 135 место по големина во светот

Во времето на Карло V, император на Светата Римска империја и крал на Шпанија, територијата на денешна Холандија била дел од седумнаесетте покраини на Ниските Земји, кои вклучувале поголем дел од денешна БелгијаЛуксембург и дел од Франција и Германија. Во 1568 година започнала војната за независност против шпанскиот крал Филипе II, син на Карло V. Во 1579 година северниот дел од седумнаесетте провинции објавиле независност обединувајќи се во Утрехска унија, која се смета за почетокот на денешната држава Холандија.

Градови и села

Во безпрекорно уредените градови и села на оваа чудесна земја се чуствував како да сум бил тука во некое друго време. Препознавав делови, населени места, ги препознавав куќите и дворовите беспрекорно уредени, пасиштата во недоглед а она што ме фасцинираше е водата која ја има насекаде. Холандија е богата со  прекрасни рекиРајнаВаалМеза

Секој град во Холандија заслужува сопствен запис, затоа тука само ќе спомнеме два најважни и најпровокативни за посета: Хаг и Амстердам. Хаг е административна престолнина на Холандија. Се наоѓа на западниот дел од државата во покраината Јужна Холандија. Има површина од 100 км2 и има население од околу 500 илјади жители. Во Хаг се наоѓа горниот и долниот дом на парламентот, како и канцеларијата на кралот Вилем-Александер. Хаг е седиште на сите амбасади, како и на меѓународни организации, но сепак по холандсксиот устав главен град на Холандија е Амстердам.

Амстердам е главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од околу 800 илјади  додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители. Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Амстердам е град кој веднаш ве обзема со чудниот спокој на неговата контарст,на неговата големина и отменост. Кога ќе се движите во осумте круга правилно направени низ историјата на центарот на овој град ќе ги видите: историските канали, Државниот музеј (Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, како и бројните кафетерии каде се консумира канабис. И се е привлечно и многу интересно. Се соочувате со град кој дише со цел здив постојано во текот на денот и ноќта.

По каналите на Амстердам

Не помалку фасцинантни се селата на Холандија. Поимот село е нешто што за нас е малку неразбирлив во таква урбана, комунална, архитектонска среденост како што имаат холандските села. Многу од нив дури и немаат асфалтиран пат туку движењето по нив се одвива со чамци по нивните канали. Како пример го зедовме селото Гиторн се наоѓа на северозападот на покраината Еверијесел, во централниот дел на Холандија. Од Амстердам, Утрехт и Арнем е оддалечен околу 90км.

 

Гитрон-село без улици

Холанѓаните во селата се занимаваат со сточарство, овчарство, грнчарство, стакларство и што ти уште не. Нивните фарми уште пред неколку децении се опремени по најсовремени методи на обработка на млеко, месо, јајца или што и да е. Холандскиот кашкавал е надалеку познат. Во Холандија во градот Лирдам постои најстарата фабрика за стакло во Европа, а функционираат и рачните изработки на стакло и грнчарија и обработка на дрво. Меѓу нив најпознатите Холандски кломпи симбол на Холанѓаните.Затоа, ако дојдете во некое од овие прекрасни села не ја пропуштајте можноста да се повозите со некоја од атрактивните кломпи чамци кои ги има насекаде.

Холандија земја на лалето и ветрниците

Поле од лалиња

Нешто од што не можете да не видите се недогледните полиња со лалиња посебно ако ја посетите оваа земја во пролетните месеци. Лалињата ги има во сите бои и нијанси Посебно фасцинира „црното лале“. Нешто што е одраз на отменоста на оваа земја полна со чудесни убавини. А да заминете од неа а да не ви го украдат погледот безбројните ветерници распоредени од сите страни е неможно. Ветерниците ги има насекаде, оние чудесни конструкции кои ја претвораат енергијата  на ветрот во ротациона енергија со помош на лопатки или ножеви. Во минатото, ветерниците се употребувале за мелење жито, пумпање вода или и за двете. 

 

Ветерници

Климата  на Холандија

Холандија има морска клима со благи зими и умерени лета. Климата е под влијание на Северното море кое цела година ја регулира. На север температурата е цела година малку пониска од температурата на југ. Крајбрежните, југо-западните, западните и северните провинции во есенските и зимските месеци имаат поблага клима отколку источните и северо-источните провинции. Во лето од прилика најтоплите предели се источниот дел од брабант и северниот дел од Лимбург. Просечно најстудениот месец во повеќето предели е Јануари, а најтоплиот месец е Јули. Во последниве години се зголеми просечната температура во Холандија.

Таквата клима им овозможува на Холанѓаните во зимските месеци да се лизгаат по замрзнатите водни канали кои ги има насекаде.

Замрзнат канал

Уште нешто интересно за Холанѓаните

Со 484 жители на км2, Холандија е една од најгусто населените земји во светот. Бо Јуни 2006 Холандскиот населението беше 16.336.000, од кои половина живеат во најгусто населениот дел на државата. Холанѓаните се едни од највисоките луѓе во светот, со просечна висина од 1,81 метри за мажи и 1,68 метри за жени. Населението на Холандија вклучува членови од многу земји во светот. Холанѓаните сочинуваат 80,6 %. Повеќето имигранти доаѓаат од Германија (2,4%) и Белгија (0,7%), потоа од поранешните колонии Индонезија (2,4%) и Суринам (2%), и конечно Мароко (2%) и Турција (2, 2%).Х оландија е на трето место на најгусто населените земји во светот.

Во дилема како да ја завршам прошетката низ оваа за мене чудесна земја, сепак ќе завршам со чувството кое јас го имав секогаш кога бев таму: „Во Холандија се чуствувате секогаш добредојдени“. И да, неповторливи се глетките на „залезот на сонцето меѓу облаците“.