03.09.2018, вратите на училиштата во Македонија се отворија утрово за учениците и почетокот на новата учебна година 2018/2019.

Највозбудени меѓу нив првачињата, за кои од денеска почнува нов дел во нивното детство. Во училиштата со свечени приредби, прием на првачиња и пригодни настани одбележан беше почетокот на оваа учебна година 2018-2019.

 

Ако денеска не мислиме на фактот што вкупно, во Македонија според информациите  оваа учебна година се запишани околу 20% ученици помалку, денеска е убав ден, ден на почеток. Се помалиот број на ученици, доведува состојби на затварање на училишта или спојување во едно на две училишта, што е последица на миграцијата на младите од државата.

Но, предизвик остануваат и нерешените проблеми во образованието, што се на товар и штета на учениците. И оваа учебна година почна со нерасчистени многу прашања во однос на образовниот процес во Македонија.