Македонскиот филм „Ругање со Христос„ на младиот Јани Бојаџи, вчеравечер на церемонијата за свеченото затворање на 42-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, се закити со единствената награда за иновативност, после неговата премиера на 30 август, токму во Монтреал.

Според содржината во овој филм, четири приказни се раскажуваат одделно, секоја за себе, но сите заемно се вкрстуваат во една приказна. Се работи за Александар Филипопулос (Љупчо Тодоровски, Македонија), новинар во познат политички магазин во Париз, кој по потекло е од Грција. Во деновите кога неговиот личен и професионален живот е на крстосница добива писмо од неговиот братучед Вани (Младен Крстевски, Македонија) од неговото родно село Герман дека татко му Лазар (Мето Јовановски, Македонија) умрел во Македонија.

Александар во Франција ја напушта неговата сопруга Магда (Јана Клејн, Франција) и од Париз се враќа во Атина, а од таму во неговото родно место, селото Герман (Агиос Германос) на северот од Грција покрај Преспанското Езеро. Оттаму тој тргнува во потрага по вистината за тоа кој всушност бил неговиот татко Лазар.

Зошто филмот ја разбранува целата јавност, посебно политичката сигурно ќе се разјасни наскоро.

На вчерашната