Во Изложбениот салон на Културно-уметничкиот центар во Скопје од вчера се наоѓаат 70-тина дела на македонски ументици кои се собраа за да ги донираат на опожарените и настраданите во пожарите во Атина, кога загинаа 100-тина луѓе.

Делата ќе останат во КИЦ  додека не се создадат услови за нивно испраќање и изложување во Атина. Идејата потекна од графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула како своевидна критика на недоличните реакции на дел од македонската јавност за пожарите.

За да се покаже дека сме подобри од тоа, спонтано се роди иницијативата „Донирај уметност“, во којашто придонесоа десетици македонски уметници со фотографија, разни сликарски техники, дигитална уметност, скулптура, таписерија…, за да се создаде една уникатна колекција, изјавува на социјалните медиуми организаторот на оваа хумана уметничка  акција.