На 19-от Интернационален пијано фестивал во Анталија (Турција), младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу освои втора награда на двоетапниот интернационален пијано натпревар за млади таленти

На синоќешната церемонија за доделување на наградите, настапот на Арда беше поздравен со овации од бројната турската публика во „Аспендос“, халата на културниот центар во Анталија.

Оваа престижна награда следува по учеството Арда на меѓународниот пијано мастер клас ,кај на професорот Херберт Кох , во текот на месец август во Дирен (Германија). Во рамки на овој мастер клас настапуваше на три концерти во Дирен, Ахен и Бон.

 

Следниот период на Арда Мустафаоглу, според агендата му е резервиран за претставување пред македонската публика со солистички концерти во Велес, Штип, Струмица, Прилеп и Скопје.