Интересите и бурите околу новиот член на Британското кралско семејство, Меган Маркл не стивнуваат. Две нови информација ги преплавија медиумите. Во едната се вели дека “Надобро облечената жена за 2018- та година е прогласена Меган Меркл “, а другата е најава за нејзиното враќање на малите екрани. Но, не во улога на глумица туку ќе се појави во новиот документарец за кралицата Елизабета II, пишува „Хафингтон пост“.

„Кралица на светот“ (Queen of the world) е нова документарна серија во продукција на британската Тв мрежа ITV, која е заснована на моменталната улога на кралицата како јавна фигура која има влијание на целиот свет. Се очекува нејзиното емитување во Велика Британија на крај од овој месец.

Како што е познато серијата во голема мерка ќе се задржи на  работатата на Кралицата со здружението Комонвелт, а и поголем дел ќе одвои на  влијанието кое го има на помладите кралеви.

Документарецот, кој се снима веќе една година, има „повластен пристап“ кон кралицата, нејзиното семејство, персоналот и резиденциите. Гледачите ќе можат да ги видат и моментите „зад сцена“, со принцот Вилијам, Кејт Мидлтон како и со принцот Хаи и Меган.