Американските медиуми објавија дека актерот Леонардо Ди Каприо ќе се жени со моделот Камил Мороне.

Леонардо (43) и Камил (21) во врска се осум месеци. Пријателите на Лео тврдат дека пасторката на познатиот Ал Пачино, го завела Оскаровецот “како никој досега”, и додале дека е “подготвен за брак и деца”.

Камил (21) е ќерка на популарната аргентинска актерка Лусил Сол, која е на возраст како Ди Каприо, а позната е по врската со Ал Пачино.

Леонардо во последните неколку години немал мир и често ги менувал девојките, главно манекенки, но изгледа дека Камила е неговата сродна душа. Така се шпекулира по светските џет-сет таблоиди.

После преубавиот заеднички одмор во Италија, се очекува и ѕвоната да заѕвонат за Лео и Камил! Така познатиот заводник и шармер конечно ќе се смири.