Со видео спот во кој е претставена убавината на детските цртежи, создадени во рамки на „Малиот битолски Монмартр“ .Сета детска креативност во комбинација со познатиот хит „Битола мој роден крај’’, во изведба на неповторлиовиот Оливер Драгоевиќ. А со овој убав видео запис Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ги кани битолчани на изложбата по повод Денот на независноста.

Изложбата го носи името „Магијата на Монмартр’18“, а ќе се одржи в очи праzникот, вечерва со почеток од 20 часот во битолската Магаза. Ќе бидатизложени најуспешните дела од децата учесници на оваа традиционална и единствена по многу нешта ликовна манифестација во Македонија

Изложба „Монмартр“ ќе има и во Академијата за акварели и ликовни уметности „Сергеј Андријаки“ во Москва, Русија, слената недела.

Инаку песната искористена за видео материјалот е од проектот на Гаро и браќата Твитјан наречен „Македонското срце чука во 7/8“.