Општина Крива Паланка во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија од вечерва во 20.00 часот, до вторник,11.09, организира филмски циклус – проекција на Шпански филмови. Проекциите ќе отпочнат со филмот „Среќни 140“. Кривопаланчани ќе можат да проследат пет современи остварувања на шпанската кинематографија, која важи за светски реномирана и високо ценета од филмските критичари, но и од публиката, информираат од локалната самоуправа на Крива Паланка.

Вечерва, пред првата проекција, најавено е доаѓањето на амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Рамон Абароа Каранза .

Првата проекција е закажана на плоштадот Карпошово востание, на отворената летна сцена во градот, а доколку временските услови не се поволни, „Викенд на Шпански филм“ ќе се одржи во кино-салата на Националана установа Центар за култура, Крива Паланка. Влезот за проекциите ќе биде бесплатен.