Познатиот рапер Мак Милер е пронајден мртов во својот стан во Лос Анџелес.

-Малком Мекормит, познат и сакан како Мак Милер, трагично почина на 26 години. Беше ѕвезда водилка за своето семејство, пријателите и обожавателите. Ви благодариме за молитвите и поддршката. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Во моментов нема дополнителни информации за причините за неговата смрт, гласи официјалното соопштение од неговото семејство, иако се шпекулира дека причината за смртта е предозирање со дрога.

Ова се случува само пет месеци по раскинувањето на неговата врска со пејачката Аријана Гранде, која веднаш се огласи на социјалните медиуми по шокантната вест.