Римскиот војсководец Цицерон еднаш изјавил дека: Староста сакаат сите да ја дочекаат, а кога ќе ја пречекаат , тогаш се лути на неа. Не треба да е така, не лутете и се на староста.

Од духовната гледна точка, во староста се случуваат многу интересни работи: човекот неизбежно доаѓа поблиску до себе, конечно има повеќе време за себе. Останува сам и се соочува со себе. Тоа има убава и помалку убава страна. Филозофската и духовната димензија доаѓаат до израз и почнуваат размислувањата за животот што го поминал. Се прашува што бил овој живот, што се случило во овој живот, што добил, што дал.

За овој период од животот се препорачува Јога. Јога вежбите секако во голема мера се препорачуваат и на повозрасните лица, за нивна “Мирна и мудра старост”. Вистинско откритие е како лицата на возраст од 60, 70 и 80 години остануваат креативни и млади во духот со помош на овие вежби. Општо е познато дека со навлегувањето во подоцнежниот период од животот, годините си го прават своето, па организмот станува повеќе подложен на заболувања и губи од својата виталност. Без разлика дали се работи за здрав организам, со самото навлегување во тие години, сами по себе си доаѓаат одредени промени во телото, имено, во најголем процент кај повозрасните лица се јавуваат проблеми со зглобовите, мускулите, циркулацијата, дишењето итн. Причините за овие пореметувања можат да бидат од најразлична природа, од намалената физичка активност, неправилна исхрана, па се до најразлични стресни ситуации кои делуваат на психичка база. За жал некои од овие причини се речиси неизбежни, но тоа не значи дека проблемите не се решливи, напротив токму тука најмногу доаѓа до израз чудотворното дејство на јога вежбите.

Едноставноста и прилагодливоста на овие вежби се забележуваат во самото тоа што не бараат вложување на поголем физички напор туку и во потполност одговараат на физичките и духовните потреби на повозрасните лица. Можно е единствено во почетокот на посетувањето на јога часовите да се почувстваува благ напор, но во краток период и тој станува незабележителен. Вежбите за дишење, истегнувањата и движењата кои ги практикуваме на часовите ќе ви овозможат вистинско уживање, а нивните позитивни влијанија брзо ќе ги забележите. Ќе се чувствувате комотно и опуштено, болките кои сте ги чувствувале ќе се намалат, телото ќе стане поподвижно, полесно ќе можете да се наведнувате и исправате, полесно ќе ги извршувате вашите секојдневни активности и нема да имате потреба од некој да ви помага, ќе се здобиете со поголема виталност и сила, а ќе почувствувате и подобрувања во спиењето. Сето ова ќе допринесе за здобивање на позитивни мисли, подобар однос кон останатите и подобрено општо расположение, затоа се препорачува редовна посета на нашите часови и примена на јога техниките во вашето секојдневие. Направете си услуга вам и на вашите најблиски, размислувајќи мирно, размислувајќи мудро…