Здраво! Јас сум Селина, имам 23 години и сум медиа-асистент од Финска. Немав шанса да работам во мојата област во мојата родна земја, па место тоа работев како конструкциски уметник година и половина, но тоа не беше доволно за мене, иако уживам да замешам прсти во физичка работа. Мојот сон е да работам во различни области во странски земји, да патувам, и да ги видам културните разлики. Краен план е да бидам дама со многу мачки, со оглед на тоа што ги оставив моите две мачки дома и веќе ми недостигаат.

Во Македонија сум веќе 6 дена, и за ова време научив колку големи културни разлики имаат Финска и Македонија. Тоа е една од причините поради која што се пријавив за ЕВС. Сакав да излезам од мојата зона на комфорт, да ги отворам моите перспективи во едно интересно и поразлично место. Исто така, сакав да го разбудам оној медиа-асистент во мене, а овде имам прекрасна шанса да го направам тоа, бидејќи ќе работам со магазинот ВОИСЕС. За мене, најинтересниот дел е да работам со виео продукција, да монтирам, и да правам видеа за работи кои се важни.

Иако имам малку носталгија по мојот дом, знам дека овде ќе си поминам убаво, ќе имам можност да научам нешто повеќе и да нурнам во водите на мојот едногодишен ЕВС проект.

Извор https://voiceskopje.org/2018/09/07/%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D1%98%D0%B4%D0%B5-%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%BD%D0%B0/