Со најдобрата претстава за оваа година-„Клетници“ од Виктор Иго во изведба на театарот од Прилеп, започна овогодинешното 26- то по ред издание на Фестивалот “Ристо Шишков” во Струмица.

 Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков, оваа година има и богата  надвор од сцената  фестивалска програма, со промоција на повеќе дела, како и средба на поети од Македонија и Бугарија. Во рамки на Фестивалот вчера беше промовирана и книгата поезија “Крилести одаи” од Јоана Шишкова , ќерката на бардот на македонското глумиште единствениот Васил Шишков, а делото го промовираше авторот и новинар Гоце Ристовски.

 

 

Педесетина актери од десет претстави од Македонија и странство ќе се натпреваруваат на  за единствената награда за високо актерско остварување„ Ристо Шишков“. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра.

Фестивалската жири комисија  ја предводат лауреатот од минатата година  српската актерка Тања Бошковиќ, а членови на жирито се професорката Василка Кортенска од Бугарија и македонската актерка, Јоана Поповска.