Вино фест 2018, ќе се одржи од 12 до 15 септември (од среда до сабота) на отворениот паркинг пред Веро центар во Скопје. Како и изминатите години, манифестацијата „Вино фест“ ја организира компанијата „Веропулос“ со цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина. Освен во квалитетните вина и музика, годинава посетителите ќе уживаат и во врвни деликатеси кои совршено се комбинираат со изложените вина.

Програмата нуди богати музички изведби со  групите „Љубојна“ и „Фолтин“, кои со своите уникатни настапи го привлекуваат вниманието не само на домашната, туку и на светската публика. Во следните два дена посетителите ќе се забавуваат со волшебните звуци на музиката на Јаков Дренковски и на легендарниот Игор Џамбазов. Настап ќе има и Тони Китановски со Черкези оркестар и на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски. Манифестацијата ќе се затвори со настапите на групата „Куку леле“ и на фолк-ѕвездата Миле Кузмановски. Атмосферата од  диџејските сетови ќе ја загревааат на Чваре, Флудер, Дарко Марковски и Маци.

Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи уживање во врвни домашни вина, но ќе понуди и концепт на гастрономско бистро со деликатеси од реномирани домашни и странски производители.