Италијанската ѕвезда Ерос Рамацоти на 30 септември 2019 година ќе одржи концерт во Скопје, во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Концертот ќе биде дел од  неговата светска турнеја „Животот е таму“ , која ќе почне во февруари од Монако.

Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.

Педесет и петгодишниот пејач и текстописец, еден од најпопуларните италијански музичари има издадено 17 албуми на италијански јазик и 13 албуми на шпански јазик. Во богатата кариера досега продал повеќе од 50 милиони примероци.

Билетите за концертот ќе биде пуштени во продажба утре.