На филмскиот фестивал, кој поради неговиот висок рејтинг и силните критериуми на селекција го нарекуваат уште и европски „Санденс“, во официјалната конкуренција ќе биде прикажан македонскиот филм „Враќање“ во режија на Кастриот Абдули. На ова 25. јубилејно издание на меѓународниот фестивал во Олденбург, Германија што ќе се одржи од 12-16 септемеври, претставниците од Агенцијата за филм во Олденбург од 13-17 септември ќе учествуваат на настанот MatchBox Coproduction Lounge.

 Учеството на Агенцијата ќе биде најавено и на отворањето на фестивалот, а на покана на директорот на фестивалот, господинот Торстен Њуман на 15 септември, Агенцијата за филм ќе има можност да ја претстави Македонија како атрактивна дестинација за снимање (филмски локации) и ќе ја афирмира законската регулатива со која се овозможува поврат на средства од копродукциски услугу и филмски сервис.

Олденбург филм фестивал е посветен на иновативни, независни филмови со силен авторски печат и е еден од најзначајните филмски фестивали во светот а за тоа зборува и фактот што Variety, Hollywood Reporter и Screen International меѓу другите му ја доделија титулата “Европскиот Санденс” .