Исхрана, спиење, домашни задачи: Истражувањата откриваа 10 причини поради кои најчесто децата и родителите се расправаат.

Која е најчестата причина поради која се расправате со вашето дете? А еве и што велат истражувањата…
Сите знаеме дека родителите и децата често се препираат. Но сега знаеме и колку често.
Точно 2.184 пати во просек годишно. Или околу 6 пати во текот на денот. Резултатот е добиен од истражување кое го спровела компанијата Capri-Sun.
А зошто се расправаме?
Дури и половина од препреки настануваат поради храна, односно најчести причини се одбивање од страна на децата да јадат, да го завршат оброкот и не-среденита соба и играчки.

Родители и деца

Но, имаме и лоши вести за родителите.
Родителите излегуваат како победници од расправијата во околу 50% од случаите. Исто така 5 пати дневно мора да прифатат одреден компромис со своите деца со што би го сочувале мирот во куќата.

 

Еве и една листа на теми за расправија:
1. Децата одбиваат да изедат целосен оброк
2. Не ја средуваат својата соба
3. Децата велат дека се гладни но не сакаат ништо здраво
4. Децата велат дека се сити а не изеле буквално ништо
5. Расправии помеѓу браќата и сестрите
6. Децата сакаат да јадат слатки пред оброкот
7. Децата не сакаат да спијат
8. Не сакаат да учат и не ги решаваат домашните задачи

9. Децата сакаат да поминуваат повеќе време пред екраните или со технологија отколку што им е дозволено.
10. Децата не сакаат да ги мијат забите.

 

 

Извор:http://www.babyshop.mk