Вo петок и сабота во Скопје, излезете да се забавувате со Интернационалниот уличен уметнички фестивал СТАТУАФЕСТ – Другото лице на улицата. Местото на одржување е улица Македонија од 18 часот па се до полноќ.

Ќе учествуваат светски познати артисти, ако што се Ел трио ла ла од Барселона, кои се светски прваци на интернационалниот натпревар за живи статуи во Архем, Холандија, а покрај оваа имаат освоени и уште неколку други награди.
Ќе учествува артист и од Украина, кој е заштитно лице на фестивалот, а ќе настапи со актот Mr. Show time. Доаѓаат артисти од Бугарија, Србија, а ќе настапуваат и живите статуи од македонската продукција „Театроск“, која е организатор на овој фестивал. Актот КОНТРАБАС со кој „Театроск„ освои прво место на интернационалниот натпревар за живи статуи на фестивалот Зигет во Унгарија, ќе биде претставен пред македонската публика.
Освен живи статуи, свој музички сет ќе има DJ Соња Исмаил, а свој концерт ќе оддржи и познатата скопска група ПЕПЕРМЕНТ на 14ти септември.
Веќе на 15ти септември програмата е поинаква, па паралелно со настапот на живите статуи свое џез матине ќе има Бојан Чакра, а музика ќе пуштаат и скопски урбани ликови. Дојдете па изненадете се!

Главен покровител на фестивалот е Град Скопје, а со помош на повеќе други покровитeли е овозможено одржувањето на овој единствен Статуа фетстивал.

14-ти и 15-ти септември, дојдете и погледнете го Другото лице на улицата.