Наградата за високо актерско остварување на 26. издание на фестивалот на Камерен театар „Ристо Шишков“ ја доби актерот Благоја Чоревски.

Нему фестивалското жири предводено од српската актерка Тања Бошковиќ наградата му ја додели за улогата во претставата „Квартет“ во копродукција на Македонскиот народен театар и Контрапункт од Скопје, по текст на Роналд Харвуд во режија на Зоја бузалковска. Оваа престижна награда на Чоревски, му ја врачи директорот на фестивалот Ванчо Ристов Патриков и таа се состои од златен медалјон со ликот на Ристо Шишков, плакета и парична награда во износ од 1.500 евра.

Утревечер на 14 септември со свечено отворање, ќе започне десеттиот Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка. Првата фестивалска вечер е посветена на овогодинешниот лауреат, истакнатиот  македонски актер Благојa Чоревски.

Со еден збор , заслужени признанија за актерот Благја Чоревски-Чоре.