Две работилници на тема „Креирање на визија за Осогово – идно заштитено подрачје“ ќе се одржат на 13 и 14 септември 2018 година, во Кочани и Крива Паланка.

На овие работилници поканети се сите засегнати страни од Осоговскиот регион како што се: претставници на јавни институции, локално население, собирачи на споредни шумски плодови и билки, бизнис сектор и угостители- хотелиери, невладини организации, фармери и сточари, ловни и планинарски друштва.

Целта на овие работилници е информирање за активностите поврзани со процесот за прогласување на Осогово како заштитено подрачје, но истовремено и креирање на заедничка визија на локалното население за Осоговскиот регион.