На 14.09.2018 г. / петок / со почеток во 20:00 часот во Изложбениот салон на Уметничката галерија при НУ – Куманово ќе биде отворена самостојна изложба, под наслов “ Landscapes “ нa авторот Ангелина Поповска.

Инаку Ангелина Поповска е родена 1967 во Ѓеорги Ѓеоргиу-Деж, Романија.
1986-1991 – Завршува Факултет за ликовни уметности во Скопје во класата на проф. Симон Шемов.
2005 – Магистрира на Факултетот за применети уметности во Белград, Србија на отсекот за конзервација и реставрација на икони и штафелaјни слики под менторство на проф. Гордана Кусовац и проф. Светислав Николиќ.
2012 – Докторира на Институтот за национална историја во Скопје ментор др. Димитар Ќорнаков и проф. Драган Булатовиќ.

Од 1993 година редовно работи во Ну Национален конзерваторски центар-Скопје во лабораторијата за конзервација на икони.Aнгелина Поповска остварува повеќе групни и самостојни изложби во земјата и странство и повеќе први награди.

Изложбата Landscapes е содржина на 20-тина дела изработени на плексиглас и комбинирана техника со извонредна технолошка вештина во комбинирањето на врзивата и боите во еден современ сплет, апликации и провидност, кој е одраз на оваа сликарка.

Изложбата е подржана од Министерство за култура на РМ. И за посетителите ќе биде отворена до 28 септември 2018 година.