Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Михаела Јовановска насловена  „Златната рипка и потомокот“. Ќе бидат претставени дела создадени во комбинирана техника со користење акрил, принт врз пластична фолија, плексиглас, епоси смола итн. 

Михаела Јовановска е вработена во Национална галерија на Македонија како соработник за визуелни уметности и дизајн. Додипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Се изразува во различни медиуми од кои најчеста е уметничката инсталација.Нејзини дела се изложувани на повеќе групни и на четири самостојни изложби во Македонија, како и во странство – MC Gallery во Њујорк, Прима центар во Берлин, галерија „Лауба“ во Загреб, „Миодраг Дадо Џуриќ“ во Цетиње и КИЦ во Софија. Поставувањето на изложбата е дел од Годишната програма на КИЦ на РМ во Софија и е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија