Вечерва  почнува новата сезона во „Театар комедија“  со претставата “Жена ми се вика Борис“. Од театарот информираат,дека и оваа сезона ќе продолжи стариот начин на продажба на билети, но радува информацијата дека откако на  10-ти август  беше поплавен театарот, сменета е кровната конструкција а гледачите од вечерва ќе ги пречека и реновираното фоаје и освежената сала на публиката.

Она што радува повеќе, како што информираат, е дека дел од претставите чии билети се пуштени во продажба веќе се распродадени.

Им посакуваме успешна сезона 2018/2019!