Почетна Вести Европски триатлон куп и Балканско првенство овој викенд во Охрид

Европски триатлон куп и Балканско првенство овој викенд во Охрид

136

„СПОРТ ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА СПОРТ“, согласно со програмата за работа и Европскиот Триатлон календар на настани е настанот , манифестацијата која е во организација на Триатлон федерација на Македонија и Асоцијацијата на спортови.

Стартот и целта на натпреварот во пливање, возење велосипеди и трчање е кај плажата „Бафало“ во близина на Студенчишкиот канал.

Организаторот на трката за двата дена на претстојниот викенд најави времен режим на одвивање на сообраќајот на дел од улиците во градот, како и на магистралниот пат кон Свети Наум, во периодот од 7:30 до 17 односно 15 часот.

Притоа се апелира за разбирање до граѓаните, оттаму што се работи за манифестација што секако го промовира Охрид и Македонија на светската спортска мапа.